Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај при регистрација на возилото .
Износот на годишната премија е еднаков кај сите Осигурителни компании зависи од од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др. Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку немате предизвикано сообраќајна незгода.
Зелената карта е меѓународно признат документ за осигурување, којшто Ви е задолжително потребен доколку со возилото планирате да патувате надвор од границите на државата. Таа служи за Ваша заштита во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку Вие сте причинителот.
Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за авто-одговорност, Цена на зелена карта регулирана и изнесува до 64 KW 3690 ден и над 64 KW 5540 ден за патнички возила .
Каско осигурувањето за сите видови моторни возила, овозможува осигурително покритие од следниве ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, кражба и разбојништво и други ризици во цела Европа.
Со ова осигурување ќе добиете надоместокза штета и доколку сте вие причинител на сообракајната незгода освен доколку сте под дејтво на алкохол или немате важечка сообраќајна дозвола .
Каско може да биде без франшиза (учество во штета ) и со фаншиза ( учество во штета ).
Комбинираното осигурувањето на домаќинства претставува пакет осигурување на домот, коешто вклучува:
Со осигурувањето на дом се заштитувате од повеќе ризици и тоа:
Дополнително ризици :
Со осигурувањето на транспорт се обезбедува осигурителна заштита од ризици кои се идни и независни од волјата на осигуреникот, и неизвесни, а се случуваат врз стоката која се транспортира.
Во зависност од видот на транспортното средство може да се осигура стока при:
Погрижете се градот, мразот, поплавите, пожарите, луњите и другите непогоди да не го Осигурување на сите земјоделски култури во неожнеана и необрана состојба. Се осигурува очекуваниот годишен принос, којшто се одредува при склучување на осигурувањето. Ова осигурување опфаќа ги опфаќа следниве култири :
Основни ризици :
Дополнително осигурување:
Исто така можете да изберете проширено покритие на овошните плодови (јаболка, круши, праски и кајсии) од губење на количина и квалитет. Државата субвенционира 60% од висината на премијата за земјоделско осигурување.
Домашните миленици и другите животни се од непроценлива вредност за сопствениците. Затоа Триглав Осигурување подготви производ кој што Ви овозможува да ги осигурите Вашите домашни животни и миленици во случај на незгода или болест.
Ова осигурување е наменето за домашни животни (коњи, говеда, свињи, овци, кози, пердувести животни), домашни миленици (кучиња), пчели, риби и егзотични животни. Основното покритие обезбедува животните да се осигурат од смрт од болест, или несреќен случај.
Доколку патувате во странство не е задолжително но пожелно е да поседувате патничко-здравствено осигурување Здравственото-патничко осигурување Ви овозможува покритие на:
Колективното осигурување од незгода е наменето за осигурување на работниците во компании, како и членови на одредена група или друштво.
Осигурувањето ги покрива следните ризици:
Осигурувањето може да се склучи за времетраење од една година.
Со колективното осигурување од незгода за сите категории на граѓани. Меѓу оние за чија сигурност се грижиме се децата, учениците и студентите. Овој пакет ви нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата и ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода) со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош .Осигурувањето од незгода на деца од предучилишна возраст е наменето за групно осигурување на деца во градинки, јасли, одморалишта, на возраст до 14 години. Со осигурувањето од незгода на ученици и студенти можат да се осигураат сите активно запишани во образовната институција преку која се врши осигурувањето, без оглед на нивната актуелна и мината здравствена состојба, нивната возраст или работната способност.
Приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Неколку Осигурителни компании нудат можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет, осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување.
Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.
Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.
Станува збор за осигурување со т.н. штедна компонента каде по истекот на осигурителниот период, осигуреникот ги добива средствата кои ги вложил. Дополнително, преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици (смрт). Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива полисата, корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума. Практично ова е единствен финансиски производ кој вклучува штедна компонента, а истовремено покрива ризици од појава на болест или несреќен случај.
Карактеристики
Се прифаќаат лица од 14 до 65 години – Oсигурувањето да заврши на 75 годишна возраст. Траење на осигурувањето – 10 до 25 години.
Можност за избор на динамика на плаќање : месечно, квартално, полугодишно, годишно, еднократно.
Осигурување од општа одговорност ја покрива штетата којашто настанала како резултат на неочекуван и изненадувачки настан во извршување на дејноста на осигуреникот, за којашто е одговорно друго лице. Осигурување од општа одговорност ја покрива одговорноста од штета предизвикана при повреда на лица (телесни повреди, нарушување на здравјето, или смрт), како и штета предизвикана на предмети (уништување, оштетување или исчезнување).
Осигурување професионална одговорност – Осигурете се од непријатни финансиски последици, со коишто би се соочиле при штета настаната од вршење на професионална дејност. дејност.И покрај совесниот однос кон работата, во текот на професионалното работење може да дојде до стручни грешки. Осигурителната компанија ги покрива трошоците што настануваат како последица на грешки во работењето, при извршување на регистрирана дејност.
За кои професии нудиме осигурување од професионална одговорност?
Граничното осигурување е достапно за сите странски возила, односно возила на домашни и странски лица кои се регистрирани во странство, кои треба да влезат во земјава, а не поседуваат валидна зелена карта. Граничното осигурување се склучува врз основа на важечките услови за осигурување од авто-одговорност. Премијата се пресметува и наплатува во девизи, а ова осигурување важи само за подрачјето на Р.Македонија.
Обезбедете бонус за вашиот менаџер, а воедно заштитете го него и неговото семејство за најтешките моменти во животот со полисата за менаџерско осигурување.
Со полисата за менаџерско осигурување се покриени следниве ризици:
Ова осигурување е наменето за извршни директори и членови на одбори на директори управни и надзорни одбори.