КОРАБ АУТО КОНТРОЛ

Приоритет на вработените во Станицата за технички преглег Кораб Ауто Контрол е да понудиме брза услуга и квалтитена проверка на вашето возило. Задоволните клиенти се наше задоволство затоа секогаш ги изненадуваме нашите клиенти со разни попусти и подароци !

ПОСТАПКА ЗА УВЕЗЕНО ВОЗИЛО

После извршената царина,потребно е да се направи хомологација на возилото со COC (идентификација) или единечно одобрение (ЕО)

Откако ќе се изработат горенаведените документи потребно е превод на нотар од истите и потоа возилото може да се регистрира.

Потребни документи за хомолгација на странски возила:

Царинска декларација, странски сообраќајни и фактура од возилото.


Скратете го Вашето време и побарајте нè за брза и ефикасна услуга.

Услуги на технички преглед

  • РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО
  • ПРОБНИ ТАБЛИЦИ
  • ПОЛНОМОШНО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО
  • МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
  • ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ
  • ПРИЈАВА НА ВОЗИЛО ОД ДРУГ ГРАД
  • ВОНРЕДЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО

Регистрација на возило 

При регистрација на возилото се врши техничкиот преглед кој претставува задолжителна проверка на техничка исправност на возилото пред негово вклучување воо сообраќај. Регистрираните возила се означени со пропишани регистерски таблици и налепница, и имаат важечка сообраќајна довола или важечка потврда за пробно возење. Регистрацијата важи една година, што значи дека регистрацијата треба да се продолжува секоја година..

Кога возилото има потврда за ослободување од технички преглед во тој случај сопственикот нема потреба да го донеси возилото за да му се изврши проверка за техничка исправност на возилото туку само треба да му се изготват документи за регистрација на истото возило. Возилата кои се нови односно не постари од 8 години добиваат потврда за ослободување од проверка за техничка исправност на секоја втора година.

Потребни документи:

  • Сообраќајна дозвола
  • Документ за идентификација ( лична карта на сопственикот )
  • Полиса за автоодговорност (може да се извади во Кораб Инс во нашите простории)
  • Возило на увид за да се изврши технички преглед   

За од правно лице дополнително : 

  • Полномоштво од фирмата за физичкото лице што го регистрира возилото со архивски печат и печат од фирма
  • Уплатници за ЈП Дршавни патишта и МВР (може да се плати и во нашите простории со платежна картичка при што имате помала провизија)
ПРОБНИ ТАБЛИЦИ

Пробни таблици

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани или кои биле регистрирани но од оправдани причини регистерските таблички се одјавени, важноста на пробните таблички е со рок од 5 дена.

  • Документ за идентификација ( лична карта )
  • Хомологација
  • Купопродажен договор
  • Царинска


Пробните табли се во важност од 5 дена 

ПОЛНОМОШНО ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТУЃО МОТОРНО ВОЗИЛО

 Полномошно за управување со туѓо моторно возило

Возачите – македонски граѓани, при патување надвор од границите на нашава земја со возила чиј сопственик е друго лице мора да поседуваат посебно Одобрување за управување на туѓо моторно возило. Овој документ служи како доказ, пред нашите гранични служби и пред надлежните органи на државите во кои се патува. Важноста на полномошното е со рок од 1 година.

  • Сообраќајна на сопственикот
  • Документ за идентификација (лична карта на сопственикот)
  • Пасош на корисникот на возилото (може Лична карта но Полномошното ќе важи за држави каде се поминува граница со лична карта)

 

За од правно лице дополнително:

  • Барање и печат од фирма

 

Полномошното е со важност од 1 година 

МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Меѓународна возачка дозвола

Меѓународната возачка дозвола служи за доказ дека лицето кое управува со моторното возило поседува возачка дозвола од државата од која доаѓа. Согласно Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 8 ноември 1968 година, меѓународната возачка дозвола важи на територијата на сите земји потписнички на Конвенцијата. Важноста е со рок од 3 години или важи до истекувањето со важноста на националната возачка дозвола.

  • Возачка дозвола
  • Барање за возачка дозвола од МВР
  • 2 фотографии (45мм х 35мм)

 

Меѓународната возачка дозвола е со важност од 3 години, но доколку возачката дозвола е со важност помалку од 3 години до истекувањето во тој случај Меѓународната возачка дозвола е со важност колку возачката дозвола 

ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТ

Промена на сопственост

Примена на сопственост се врши кога се менува сопственоста над моторното возило. По купувањето на моторното возило обврска е на новиот сопственик купеното моторно возило да го запише како своја сопственост.

  • Документ за идентификација (лична карта на новиот сопственик)
  • Купопродажен договор
  • Сообраќајна дозвола 
ПРИЈАВА НА ВОЗИЛО ОД ДРУГ ГРАД

Пријава на возило од друг град

Возило кое е одјавено од друг град или одјавени се регистерските таблички од истиот град од различни причини па дури и возило кое е увезено од друга држава, возилото се пријавува во регистрационото подрачје односно местото на живеење на сопственикот на возилото.

  • Одјавена сообраќајна дозвола
  • Купопродажен договор 
  • Документ за идентификација (лична карта на новиот сопственик или нова лична карта, ако е сменета само адресата на живеење по лична карта)
  • Возило на увид 
ВОНРЕДЕН ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Вонреден технички преглед

Вонредниот технички преглед се врши на секои 6 месеци на одреден тип на возила односно на такси возила, на возилата за авто школа и тн. Исто така Вонреден технички преглед се врши на возила упатени со писмен налог од овластено лице, во случаи и на начин утврдени со Закон, заради изведување на нивна проверка битна за безбедноста во сообраќајот

  • Сообраќајна дозвола 
  • Возило на увид за да се изврши технички преглед 

Услуги на техничка служба

  •     Хомологација ЕО/АО    
  • А-Тест кука
  • А-Тест фолија
  • А-Тест ТНГ
  • ПТЕУ(М6)
    Хомологација ЕО/АО    

Хомологација ЕО/АО

Хомологација се извршува на увезени возила од странство. Пред да бидат пуштени во сообраќај потребно е да се провери дали тие возила ги задоволуваат пропишаните технички и еколошки барања кои според закон се утврдени од државата.

  • Царинска декларација
  • Купопродажен договор
  • Сообраќајна дозвола од возилото
  • Возило на увид

 

Олеснителна околност доколку возилото има СОС или потврда за исполнување на технички карактеристики во овој случај веднаш се изработува 

А-Тест кука

А-Тест кука

А-тест Кука е документ кој му се издава на сопственикот на возилото кој направил преправени и поправени уреди во делот на влечната кука односно дали влечната кука која е монтирана на возилото ги исполнува критериумите за безбедност при негово користење.

  • Документ за идентификација ( лична карта на сопственикот )
  • Сообраќајна дозвола 
  • Возило на увид 
А-Тест фолија

А-тест Фолија

А-тест Фолија е документ кој му се издава на сопственикот на возилото кој направил преправени и дополнително вградени елементи во делот на сигурносните стакла на возилото кои затемнувањата се во согласност со законот

  • Документ за идентификација ( лична карта на сопственикот )
  • Сообраќајна дозвола 
  • Возило на увид 
А-Тест ТНГ

А-тест ТНГ

Според важечките закони во Р. М. сопственикот на возилото во кое е вграден автогасен уред е обврзан да изврши “Преглед на возило со вграден автогасен уред” (атестирање). А-тестот ТНГ или Плински уред е документ кој му се издава на сопственикот на возилото кој направил преправени и дополнително вградени елементи во делот на автогасниот уред кој уред ги исполнува критериумите за безбдност.

  • Документ за идентификација ( лична карта на сопственикот )
  • Сообраќајна дозвола
  • Документи за монтираниот уред 
  • Возило на увид 
ПТЕУ(М6)

ПТЕУ (М6) 

Потврдата за посебно техничко – експлатациони услови се издава на домашен превозник кој врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Во некои случаеви потврдата е потребна за добивање на лиценца за превоз на патници.

  • Документ за идентификација ( лична карта на сопственикот )
  • Сообраќајна дозвола 
  • Возило на увид 
Spread the love
Побарајте понуда



X
Побарајте понуда